Атрактивен деловен простор за подобра бизнис клима
Владата нуди девет деловни простории во Куманово, со што излегува во пресрет на барањата на локалната бизнис заедница.Дуќаните лоцирани во централното градско подрачје нудат можност за развој на микроекономијата,а од друга страна отвараат можност за зголемување на бројката на вработените.

Девет деловни простории во државна сопственост во Куманово, со одлука на Владата се нудат на продажба на атрактивните локации најголем дел во центарот на гардот на Октомвриска револуција, Доне Божинов и Страшко Арсов. Оваа понуда ќе има огромно влијание на развојот на која било дејност. Атрактивниот простор позитивно влијае за подобрувањето на микро бизнис климата, велат сопственици на фирмите кои со децении опстојуваат.
„Колку повеќе отворени објекти, дуќани толку подобро за градот.Повеќето продавници и друг вид бизнис ја подобрува економијата , ќе се прибираат повеќе даноци и ќе се развива регионот“, изјави бизнисменот Горан Серафимовски.
Продажбата на овие делвони објекти произлегува од потребите на бизнис заедницата. Сите заинтересирани правни субјекти, но и физички лица ќе може да ги пријават на јавното наддавање, оној што ќе понуди највисока цена ќе го купи објектот. По пријавувањето преку електронскиот систем ќе добијат податоци за денот и часот на одржување на јавната електронска аукција.
„Ако е некоја услужна дејонст не е важен просторот, но ако е продажно место, локацијата е најважна, за привлекување повеќе клиенти“, вели Јован Арсовски, бизнисмен.
„Атрактивноста на локациите се менува. Едно време беше многу на цена Нагорички сокак и скопски дуќани. Центарот останува најатрактивен, но сепак зависи за која дејност станува збор“, додава Драган Поповски, стопанственик од трговска дејност.
Заинтересираните стопанственици треба да приложуват доказ за регистрација од Централниот регистар, додека физичките лица аплицираат со државјанство на Република Македонија. Покрај овие документи, заедно со апликација за учество на јавните наддавања ќе треба да дадат и банкарска гаранција во висина од 2 проценти од проценетата вредност на објектот.
Габриела Димковиќ
