Ледената пештера близу Пуста Брезница- уникатна во Македонија
Близу скопска Пуста Брезница има ледена пештера што е препознатлива по уникатните калцилни проѕирни кристали. Се наоѓа на околу 1.000 метри надморска височина и е единствена од ваков вид во Mакедонија...

Во близина на скопското село Пуста Брезница, во пазувите на беспрекорните карстни предели, се наоѓа ледената пештера. Еден час лесно пешечење е потребно за да се ѕирне во оваа ретка природна убавина.
Пештерата е карактеристична по ледените украси кои се формираат во зима поради специфичното струење на воздухот, но препознатлива е и по уникатните калцитни кристали со голема проѕирност за чие формирање се потребни милиони години.
Пештерата е единствена од овој вид досега откриена во Македонија. Има два вертикални отвори на надморска височина од 993 метри.
Бидејќи е лесно достапна погодна е за туристичка експлоатација. Изготвен е проект со кој е предвидено да се гради инфо центар, клупи за одмор, како и на пешачка и велосипедска патека. За жал проектот засега е само на хартија, и чека подобри времиња и сериозен инвеститор.
Анита Димитријевска
