До 2018 та над милијарда евра во патишта
Повеке од една милијарда евра за седум години се вложени во инфраструктурни проекти ..

Илјада километри патишта се изградени или реконструирани во изминатите седум години . Премиерот најави – нвестицискиот бум од над милијарда евра во патната инфраструктура продолжува и до 2018 тата . Во следните две години ќе се работи на нови 63 километри патна мрежа вредна 32 милиони и 680 илјади евра. Градежната офанизива со 790 милиони евра продолжува и на трите големи проекти Демир Капија Смоквица , Миладиновци -Свети Николе-Штип и Кичево-Охрид . И покрај кризата и состојбите во регионот се прави крупна инвестиција незапамтена досега - порача Груевски.
,,Со изградбата на овие автопатишта кои се дел од паневропските коридори 8 и 10, ние ја градиме и европската патна карта, со што се овозможува да ја валоризираме нашата централна позиција на Балканот. Овие три автопати, заедно со останатите локални и регионални патни правци кои ќе се градат и реконструираат во периодот од 2014 до 2018 година, претставуваат инвестиција од над една милијарда евра. Ваков инвестициски бран во делот на патната инфраструктура никогаш се нема случено во Република Македонија“ - нагласи Претседателот на Владата на Никола Груевски
Со 92 милиони евра изградени или реконстрирани се 469 километри автопати . Во 302 локални патни правци вложени се 45 милиони евра. Со добра патна инфраструктура се раздвижува економијата , се подобрува бизнис климата , се развива туризмот , се отвораат нови работни места, огромен е ангажманот на стручни кадри во градежништвото и индустријата.
,,Во следниот период Друштвото за патишта треба да биде континуирана активност на стручно оспосување и едукација на инженерите по патишта“ -вели Горан Миовски, од организацијата за патишта.
Ќе се реконструираат и мостовите на неколку патни правци. Наредниот месец ќе биде објавен и меѓународен повик за концесионирање на патните правци Гостивар-Кичево и Скопје-Блаце.
,, Сигналите од пазарот се позитивни и веројатноста за наоѓање потенцијален сериозен концесионер е висока“ - рече премиерот Груевски.
Градежништвото е двигател на економијата , патиштата ги градат фирми кои ангажираат минимум 51 насто македонски работници. Градежните компании ќе имаат полни раце работа.
Сузана Фиданска Стоевска
