Груевски: Продолжува отписот на долгови- досега отпишани 14 милиони евра на 8.200 семејства
01.03.2015 16:58
Според Груевски, отписот на долгови е еден од проектите што Владата го вети на последните избори и ревносно го спроведува...

Вкупната сума на отпишани долгови преку владиниот проект достигна 14 милиони евра. Досега се опфатени 8.200 семејства, но бројката ќе расте, бидејќи службите продолжуваат со преглед на документите. Ова попладнево го изјави премиерот Никола Груевски, кој беше во посета на тиквешијата.
„Се работи на целокупната документација доставена од граѓаните, се проверува колку соодветствува со законот. Очекувам досегашниот отпишан долг од 14 милиони евра и натаму да расте“, нагласи Груевски.
Според Груевски, отписот на долгови е еден од проектите што Владата го вети на последните избори и ревносно го спроведува.
