Доказите од случајот „Пуч“ ја откриваат играта со странска служба
Шифрираните СМС пораки со кои комуницирале меѓу себе семејството Верушевски недвојбено, велат експертите укажуваат дека Заев непосредно соработувал со Зоран Верушевски во спроведувањето на нелегалното прислушување. Признанието на двајцата вработени во МВР дека работеле под директни наредби на Верушевски и прислушувале без никој да знае во МВР, ја разобличува целата идеја на лидерот на опозицијата...

СДСМ и Зоран Заев водат деструктивна политика од која ни самите незнаат како да излезат констатира професорката Тања Каракамишева. комплетно е демаскирана целата идеја на лидерот на СДСМ, Зоран Заев кои во интерес на странските елементи одработува контра сопствената држава и граѓаните од кои ја бара довербата за да дојде на власт – констатираат аналитичарите.
Токму Заев, велат тие стои зад целата операција на прислушување. Шифрираните СМС пораки со кои комуницирале меѓу себе семејството Верушевски недвојбено, велат експертите укажуваат дека Заев непосредно соработувал со Зоран Верушевски во спроведувањето на нелегалното прислушување. Признанието на двајцата вработени во МВР дека работеле под директни наредби на Верушевски и прислушувале без никој да знае во МВР, ја разобличува целата идеја на лидерот на опозицијата.
„Имаат судско признание, имаат пресуда, каде што обвинетиот ја признава целата работа, го разоткрива целото сценарио, целата игра политички ја разобличува, така што во една правна процедура, во рамките на системот, вистината доаѓа до израз. Граѓаните веќе им е сосема јасно дека нивната игра е провидна и нема никаква правна основа и издржаност, и во таа сисла сметам дека се повеќе ќе тонат и ќе отидат во заборавот“, смета професорката Тања Каракамишева-Јовановска.
По објавувањето на шифрираните пораки, аналитичарите констатираат дека е јасното оти Заев му плаќал на Верушевски за целата операција, па така тој требал да купи за синот на разузнавачот кола и компјутери.
Од друга страна Заев со добиените материјали сакал да се пазари, но семејството Верушевски било незадоволно од тоа иако лидерот на опозицијата материјалите ги употребил за закани, за што е и осомничен.
Експертите воочуваат една од пораките укажува на сугестија од Верушевски до Заев да се оди на револуција, по што првиот човек на СДСМ излезе со став дека нема да оди на правна туку на политичка разрешница, а членството тренира со „бејз бол“ палки.
Од сето ова јавноста, велат познавачите на приликите, е вчудоневидена од начинот на кој едно семејство наместо со зборови, комуницира со бројки во СМС пораките.
Миле А. Ристески
