47 триумф на Атланта
Милсап беше најефикасен во победничкиот состав со 22 поена и 4 асистенции,а интересно идентичен беше ефектот и на Вејд во составот на Мајами ,но недоволен за домашен триумф.

И без четворица стандардни играчи меѓу кои и Перо Антиќ екипата на Атланта стигна до 47-та сезонска победа на гости кај Мајами со 93-91.Милсап беше најефикасен во победничкиот состав со 22 поена и 4 асистенции,а интересно идентичен беше ефектот и на Вејд во составот на Мајами ,но недоволен за домашен триумф.
Победа на гости славеше и шампионот Сан Антонио притв Феникс со 101-74,а 101 гостински поен им беше доволен и на кошаркарите на Мемфис против Минесота која запиша 97 поени.Вашингтон го победи Детроит со 99-95,Њу јорк-Торонто со 103-98,дома победи и Јута во мечот со Милвоки 82-75,а на гости Бруклин го совлада Далас со 104-94.
