Победи на Фенингер и Хиршер
Скијачите имаа велеслаломски предизвик во Гармиш каде што по неверојатната прва трка победи автриецот Марсел Хиршер...

Атрактивни натпревари во светскиот куп во алпско скијање. На женската суперкомбинација во Банско победи австријката Ана Фенингер пред Тина Мазе од Словенија и сонародничката Катрин Цетл и го задржа водството во генералниот пласман со 1065 поени пред Фенингер со 1001.
Скијачите имаа велеслаломски предизвик во Гармиш каде што по неверојатната прва трка победи автриецот Марсел Хиршер со на крајот 2 секунди и 28 стотинки пред Феликс Нојројтер од Германија и пред неговиот сонародник Бени Рајх кој се пласира на третата позиција.Хиршер води во велеслаломскиот поредок со 460 поени,138 повеќе од Лигети,а и во генералниот пласман со 1028 поени,пред Јансруд со 924.
