Романците одново доминантни
Во машка конкуренција како и вчера на 10 километри, така и денеска на двојно пократката патека победи Паул Пепене, додека Дарко Дамјаноски одново беше наш најдобар натпреварувач со пласман на 9-тото место...

52-от меѓународен Мавровски Меморијал на патеката на Мирна Долина на падините на Бистра и вториот ден мина под знакот на романските нордијци. Во машка конкуренција како и вчера на 10 километри, така и денеска на двојно пократката патека победи Паул Пепене, додека Дарко Дамјаноски одново беше наш најдобар натпреварувач со пласман на 9-тото место.
Кај нордијките нов триумф на Тимеа Сара денеска на 10 километри,а како и вчера Росана Кироска беше најдобропласираната македонка на 5-тото место. На дводневните натпревари на Меморијалот настапија 52 скијачи од 8 земји.
