Раздолжувањето- позитивно за билансната состојба и рејтингот на државата
Експертите сметаат дека ваквите одлуки позитивно ќе влијаат и на странските инвеститории...

Намалување на јавниот долг, подобрување на билансната состојба на државата ова се директните ефекти од предвремената исплата на последната рата од 174 милиони долари кон ММФ од вкупно 312 милиони долари. Експертите сметаат дека ваквите одлуки позитивно ќе влијаат и на странските инвеститории врз рејтингот на државата.
„Ќе се намали за соодветен процентен дел јавниот и државниот долг на земјата, беше соопштено за 1,7 процентни поени, понатаму ММФ сам по себе ќе оцени дека тоа е позитивна макроекономска состојба во Република Македонија, бидејќи тие ценат каква е состојбата со платниот биланс и со девизните резерви“, смета универзитетскиот професор, Томе Неновски.
Во буџетот се заштедени 5 милиони евра само од камати и каматни разлики. Според вицепремиерот Ставрески на одлуката и претходеле низа анализи за тоа какво ќе биде движењето на доларот во наредниот период со цел економијата да се заштити од други финансиски импликации .
„Земенни се во предвид проценките на најреномираните аналитичари во светот и инвестициски банки за тоа како ќе се движи вредноста на доларот и еврото во следниот период, и донесовме одлука дека е корисно предвреме да се отплатата преостанатите 174 милиони американски долари што е обврската кон ММФ“, рече вицепремиерот Ставрески.
Во оваа и во следните две години доспеваат поголема сума на кредити спрема странските кредитории што Македонија ги има земено во изминатите години.Тие кредити треба да се отплатуваат ако буџетските можости тоа го дозволуваат. И последната оценка на кредитната агенција „Фич“ ја потврди макроекономската стабилност и умереното ниво за задолженост.
„Ќе има позитивно влијание врз странските инвеститори, за коишто ова е добар сигнал дека макроекономската ситуација е поволна, за да можат да ги продолжат своите активности и да ги донесат одлуките за инвестирање во Македонија“, нагласува професорот Неновски.
Во 2007-та година предвреме беа раздолжени околу 233 милиони евра кон ЕИБ, Сб и Парискио клуб на кредитори со што се создаде подлога за идно задолжување особено во време кога имаше силно влијание на светската економска криза.
Дијана Ценевска
