Вардар силен, Работнички го следи
Вардар во Кратово потсети дека е лидер во Првата лига. Без ниту трага од некогашното ривалство, Вардар во 18-то коло го совлада Силекс со 3:0...

Се врати првенствениот фудбал, денеска продолжи 23-то првенство на Македонија. Вардар во Кратово потсети дека е лидер во Првата лига. Без ниту трага од некогашното ривалство, Вардар во 18-то коло го совлада Силекс со 3:0.Ивановски ја започна гол серијата, Блажевски со два погодока потврдува дека е силно засилување на Вардар.
Работнички ја продолжи исклучителната резултатска низа со деветта победа на последните десет првенствени натпревари. Во дербито беше подобар од Хоризонт со 1:0. Голот го постигна дефанзивецот Велковски во 58-та минута. Шкендија во градското тетовско надигрување славеше над Тетекс со 2:1. Постариот тетовски лигаш и беше силен опонент на фаворизираната Шкендија. Брегалница носи вредни бодови од Битола совладувајќи го Пелистер со 1:0.
Прва лига: 18 коло
Пелистер-Брегалница 0:1
Работнички-Хоризонт 1:0
Силекс-Вардар 0:3
Тетекс-Шкендија 1:2
Утре: Ренова-Металург
