Индустријата и лозарството- економски двигатели
Економијата расте со развој на земјоделието. Лозарите велат, подршката од Владата е значајна...

400 милиони денари, Владата на лозарите веќе им исплати по основ на субвенции. Две третини од овие пари завршија на сметките на тиквешките лозари. Економијата расте со развој на земјоделието. Лозарите велат, подршката од Владата е значајна.
„Од утре па натаму ќе започне исплатата на дополнитерлни 150 милиони денари за лозарите. Најголем дел се за лозарите од кавадаречкиот регион. Исто така за останатите растителни производи вкупно ќе бидат исплатени 850 милиони денари“, изјави премиерот Никола Груевски.
За економски развој, неопходна е и јака индустрија. Странските инвестиции го раздвижија тиквешкото стопанство. Најголемата странска инвестиција, германски Дрекслер со нови планови за зголемување на бројот на вработени.
„Засега имаат 4.800 вработени, постои потенцијал за уште 400 до 500 , како ќе оди работата така и тие ќе одлучуваат кога и дали ќе вработуваат. Она што го кажааа е дека постои сеуште потенцијал за раст на бројот на работни места“, нагласи премиерот Груевски.
И инфраструктурата е битен услов за развој на еконоимијата. За 4 годин во Македонија инвестирани се 55 милиони евра за рехабилитација на патната мрежа. Од Страгово до Крњево кавадаречко, патувањето веќе е безбедно. Рехабилитирани се 6,4 километри пат.
Рехабилитацијата на оваа патна делница значи многу за земјоделците но и вработените во Шумското стопанство. Значи и за кавадарчани, љубители на зимските спортови.Тие сега, побезбедно и побрзо ќе стасуваат до рекреативниот центар Кожуф.
Дијана Иванова
