Ивановски на Светски конгрес за мобилна технологија во Барселона
Ивановски ќе има обраќање на панел сесијата „Резултати од потрошувачката како производ на конкуренцијата во мобилниот сектор“...

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски од денеска до 5 март ќе учествува на Светскиот конгрес за мобилна технологија, кој ќе се одржи во Барселона.
Ивановски ќе има обраќање на панел сесијата „Резултати од потрошувачката како производ на конкуренцијата во мобилниот сектор“.
Главна тема на собирот е стимулирање на иновациите, со цел нивно поврзување со општеството, при што акцент ќе биде ставен на мобилниот сектор и политичките и регулаторните услови, кои овозможуваат развој на мобилните технологии и услуги.
Министерот Ивановски ќе има состаноци со владини претставници, како и претставници на интернационални компании од ИКТ секторот.
