Отворени денови на Управата за имотно-правни односи

02.03.2015 09:22

Во текот на целиот месец ќе бидат организирани средби со заинтересираните граѓани кои ќе имаат можност да добијат стручна помош за нивните проблеми од имотно-правен карактер...

Управата за имотно-правни односи при Министерството за финансии од денеска ги почнува отворените денови со граѓаните.

Во текот на целиот месец ќе бидат организирани средби со заинтересираните граѓани кои ќе имаат можност да добијат стручна помош за нивните проблеми од имотно-правен карактер.

Акцијата ќе се реализира во просториите на подрачните одделенија на Управата од 8:30 часот до 17:30 часот.