Реконструкција на градската канализација во Куманово

02.03.2015 10:19

Во Општината Куманово до крајот на годината ќе отпочне реализиција на проект за реконструкција на околу 30% од градската канализациона мрежа и изградба на нова во населбите.Средствата се обезбедени од ЕУ и буџетот, а проектот го менаџира Министерството за екологија заедно со Општината...

Со инвестиција од околу 5,5 милиони евра  средства од европските фондови и  од буџетот на државата ќе се изврши реконструкција на постоечкиот  канализационен систем на град Куманово и изградба на нови 27 километри канализациона мрежа. Преставници на конслутанстки куќи,проектанти,и работни тимови од Министертвото и општината ,ја реализираа завршната работилница од проектот, на која го услогласија извештајот кој ќе биде доставен на разгледување во Европската Унија.

„Овој проект не е значаен само за град Куманово туку и за целата држава.Тој посветува внимание на тоа колку се грижиме за отпадните води и нивно прочистување.Се очекува да даде  занчаен придонес за почиста и поздрава животна средина“, изјави министерот за екологија, Нурхан Изаири.

На 45-50 улици каде има реконструкција на каназализационен  систем  или над 30% ќе биде рехабилитирана канализационата мрежа и биде заокружен проектот за  пречистеталната станица за отпадни води единстевна од ваков вид во РМ инфомираше градоначалникот на Општина Куманово.

„Сите оние места каде што имаме проблеми со каналот ќе биде заменет со нови и аналогно на тоа и тие улици ќе бидат поправени“, рече градоначалникот Зоран Дамјановски.

Тендерот се очекува да биде објавен во јуни, а до крајот на годината се очекува да отпочне проектот и да се одвива  во насока во која е планиран.

 

Габриела Димковиќ