Одгледување Јапонски потполошки- хоби или надежен бизнис
Само ентузијасти ги чуваат овие птици. Еден од нив е Делчо Ѓоргиев од Добрејци, струмичко, кој освен јапонски потполошки чува и фазани...

Мали шарени, енергетски бомби. Вакви се карактеристиките на јајцата од потполошките кои се уште во Македонија немаат организирано фармерско одгледување. Само ентузијасти ги чуваат овие птици. Еден од нив е Делчо Ѓоргиев од Добрејци, струмичко, кој освен јапонски потполошки чува и фазани. Одгледувањето на овие, за Македонија ретки птици бара посебни услови, вели тој.
„Бараат светлина, кога е ладно да е топло, па и за да несат. Кога е ладно и ако
нема светло, нема да несат“, вели Делчо Ѓоргиев- одгледувач на потполошки и фазани.
Јајцето на јапонската потполошка, содржи само петнаесет калории, но огромен број на хранливи материи. Се препорачува и за деца и за спортисти. И месото е со ниска содржина на масти.
„Таа е чудна птица, од 365 дена може да снесе 400 јајца. Таа неси преку 18 часа ако е добра храната“, вели Ѓоргиев.
Хоби или надежен бизнис. Поголемата информираност на граѓаните за полезноста од овие продукти може да го валоризира нивниот труд и да го направи одгледувањето потполошки исплатливо.
Катерина Давчева
