Финансиска помош за младите земјоделци

02.03.2015 12:27

На младите земјоделци кои сакаат да почнат сопствен бизнис државата ќе им помогне со неповратна финансиска помош до 600 илјади денари. На огласот може да се јават фармери до 40 години...

До 600 илјади денари финансиска поддршка има право секој млад земјоделец кој почнува  сопствен бизнис.

Треба да има деловен план и да е индивидуален земјоделeц или трговец поединец не подолго од 18 месеци.

Барателот треба да има средно земјоделско образование или обука, да ги почитува добрите земјоделски  практики и мерките за заштита на природата и животните.

По одобрувањето, парите се исплаќаат годишно, најмногу на три рати.

 

Методија Трајков