„14 часа“ утре на сцената на МОБ
Ова е современо балетско дело, кое низ синџир од 12 сцени, ги разработува женско- машките односи, преку ликовите на Лили и Марк...

Утре со почеток во 20 часот, во Македонската опера и балет ќе биде изведена една од најгледаните балетски продукции во МОБ, „14 часа“. Ова е современо балетско дело, кое низ синџир од 12 сцени, ги разработува женско- машките односи, преку ликовите на Лили и Марк.
Автор на музиката е Кирил Џајковски, кореографијата и сценографското идејно решение се на Игор Киров, костимите на Александар Ношпал, а режијата и либретото на Наташа Поплавска.
Играат: Александра Мијалкова, Наташа Јосифовска, Саша Евтимова, Билјана Басмаџиева, Дафина Данилоска, Васил Чичијашвили (Грузија), Мирослав Митрашиновиќ, Игор Веланоски, Јан Кисилев, Агим Бафтии, Гиорги Беридзе (Грузија).
