Изминатава недела 1.305 повици на „Ало докторе“
Јавувањата најчесто се однесувале на кардиовскуларни, респираторни симптоми, кашлица, настинки, покачена телесна температура, стомачен вирус и симптомна болка...

Во изминатите 7 дена заклучно со вчера, биле регистрирани 1.305 повици на телефонската линија „Ало докторе“. На сите лица кои се јавиле им била дадена соодветна медицинска помош преку здравствен совет и соодветна симптоматска терапија .
Јавувањата најчесто се однесувале на кардиовскуларни, респираторни симптоми, кашлица, настинки, покачена телесна температура, стомачен вирус и симптомна болка.
Секој ден од 18 до 22 часот за медицински совет се дежурни и достапни директорите на јавните здравствени установи. Денеска на прашањата ќе одговара д-р Билјана Илиевска Поповска од Институтот за ТБЦ, а утре д-р Тања Спировска од Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ).
