Сопственикот на „Фиком“ пронајден обесен во штипскиот затвор
Бил пронајден од друг осуденик, а екипата на брза помош констатирала смрт, информираат од Управата за извршување на санкциите. Екипи на СВР Штип, јавен обвинител, извршиле увид на самото место...

Газдата на „Фиком“ Никола Николиќ изутрината околу 6 часот и 30 минути бил пронајден мртов во тоалетот во штипскиот затвор, каде што издржувал казна затвор во траење од 25 години и 2 месеца.
Бил пронајден од друг осуденик, а екипата на брза помош констатирала смрт, информираат од Управата за извршување на санкциите. Екипи на СВР Штип, јавен обвинител, извршиле увид на самото место.
Од Управата за извршување санкции информираат дека тој ја издржувал казната од 2006-тата, а му завршувала во ноември 2031 година.
Казната Николиќ ја заработил заради измама со продажба на исти станови на повеќе купувачи, тешка неколку десетици милиони евра.
Осуденикот Никола Николиќ во Казнено-поправниот дом Штип за време на издржувањето на казната не покажувал знаци на психички заболувања, немал користено антидепресивна терапија и не боледувал од никакви хронични болести, се вели во соопштението на Управата.
