Иванов: На светот му е потребен Совет за човекови права кој ќе дејствува превентивно
Обединетите нации не можат и не смеат да си дозволат да бидат рамнодушни на кршењето на човековите права и правата на човечкото достоинство. На светот му е потребен Совет кој ќе дејствува превентивно, а не само реактивно и чии ставови ќе имаат серозни импликации кон сите држави кои не ги почитуваат, порача претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов во обраќањето на високиот сегмент на Советот за човекови права на Обединетите Нации...

Во Македонија, во центарот на заштита на човековите права е единката, целосното почитување на основното човеково право на идентитет и на сопствен мајчин јазик, македонски јазик. Не можеме да се повикуваме на Меѓународната повелба на човековите права, а истовремено се крши меѓународното право, не се почитуваат пресудите на Меѓународниот суд на правдата, највисоката судска инстанца на Меѓународната организација- рече Иванов во своето обраќање пред Советот за човекови права во Женева.
„Се повикуваме на Меѓународната повелба за човековите права, а дозволуваме да се крши меѓународното право, резолуциите на ОН, пресудите на Меѓународниот суд на правдата. Денес, додека мојата земја Република Македонија членува во Советот за човекови права, моите сограѓани се соочуваат со негирање на нивното право на идентитет и јазик. Истиот македонски јазик на кој сега ви се обраќам. Овие две индивидуални права се неразделив дел од човековата личност и од слободата на изразување. За овие права никој никогаш не прави компромис“, нагласи претседателот Иванов.
Во светот кошто се глобализира, интеграцијата не смее да води кон асимилација. Мора да се почитуваат елеметарните човекови национални, религиски, етнички права, оцени Иванов, особено во време на се позачестен религиски екстремизам којшто има глобални упоришта и којшто регрутира млади на боиштата во Ирак, Сирија, Северна Африка. Според Иванов, има решенија за ваквата состојба, пред се во будењето на идентитетите.
„Во Македонија, пак, применуваме нешто што е повеќе од толерирањето, а тоа е почитувањето и прифаќањето на различноста. Разликата меѓу двата концепта е суштинска бидејќи се толерира она што се мора, а се почитува она што се сака. Додека толеранцијата е еднонасочен, почитувањето и прифаќањето се двонасочен процес“, рече претседателот Иванов.
Политиката и моќта на државите да ги тргнат рацете од овој Совет, за да може да превенира, наместо постфестум да констатира. Таков висок комесар и таков Совет за човекови права поддржуваме, рече Иванов. Затоа е неопходен дијалог. Македонија го организираше првиот Форум на цивилизациите кој треба да продолжи во соработка со УНЕСКО и Европската Унија, најави во своето обраќање претседателот Иванов.
Шефот на државата денеска имаше и работни средби со Јоаким Рукер, со Азид Ал Хусеин и со Вилијам Слинг, првите луѓе од ООН во делот за човекови права.
Ммакедонскиот модел фунцкионира, и тој ги почитува разлочностите и ги прифаќа сите разлики- етнички, релгиски, национални.
Во официјалниот дел на сесијата денеска нема ниту еден претставник на Грција, веројатно зашто не е потписник на Рамковната конвенција за човекови права.
Зоран Богатинов, специјален известувач од Женева за МРТ
