Хуманитарна акција на Македонците од Канада за поплавите во Македонија
02.03.2015 13:39
Во Мисисага, во просториите на Македонската православна црква „Св. Илија“ вчера се одржа хуманитарна акција на која беа собрани 9.400 канадски долари...

Македонците од Канада со хуманитарна акција за поплавените во земјава. Во Мисисага, во просториите на Македонската православна црква „Св. Илија“ вчера се одржа хуманитарна акција на која беа собрани 9.400 канадски долари.
Паричните средства ќе бидат уплатени на Црвениот крст на Македонија и потоа распоредени во најзагрозените краишта на семејствата на кои помошта им е најнеопходна.
