Почнува исплатата на штетите за жителите од поплавените подрачја
02.03.2015 13:45
Во просек ќе добијат по 500 евра, во зависност од настаната штета...

Почнува исплатата на жителите од поплавените региони, кои во просек ќе добијат по 500 евра, во зависност од настаната штета.
Европската комисија од Брисел порача дека очекува официјално барање со проценка на штетите и потребите за да и помогне на земјава во санацијата.
Брисел најави помош преку механизмот за Цивилна заштите на ЕУ, а Македонија побара пренасочување на средствата од ИПА програмата.
