Еден загинат во сообраќајна несреќа кај Неготино
02.03.2015 14:05
Автомобил марка „Цитроен“ со штипски регистерски таблички, од неутврдени причини излетал од патот ...

Едно лице утрово загина во сообраќајна несреќа што се случила во близина на ТЕЦ „Неготино“.
Автомобил марка „Цитроен“ со штипски регистерски таблички, од неутврдени причини излетал од патот утринава околу 7 часот и 15 минути, а за жал возачот починал на лице место.
Според првичните информации во автомбилот бил само возачот.
Несреќата во полиција ја пријавил случаен минувач.
