Ирак почна воздушен напад за заземање на Тикрит

02.03.2015 14:21

Пред почетокот на акцијата, ирачкиот премиер Ал Албад соопшти дека џихадистите кои ќе се предадат ќе бидат амнестирани...

Ирачките сили почнаа воздушни напади за заземање на Tикрит, кој од минатото лето е под опсада на екстремистите од Исламска држава. Претставник на војската соопшти дека паралелно се изведуваат воздушните и артилериските напади.

Пред почетокот на акцијата, ирачкиот премиер Ал Албад соопшти дека џихадистите кои ќе се предадат ќе бидат амнестирани.

„Денеска почнуваме голема воена акција за ослободување на повеќе провинции. Граѓаните мора да бидат ослободени од теророт на исламска држава“, изјави Хајдер Ал Албад, премиер на Ирак.