САД: Веродостојна истрага за убиството на Немцов
02.03.2015 14:41
Се надевам дека руските власти ќе спроведат транспарентна истрага за тоа кој стои зад убиството, додаде Кери...

САД бараат веродостојна истрага за околностите во кои почина лидерот на руската опозиција Борис Немцов, соопшти американскиот државен секретар Џон Кери.
Се надевам дека руските власти ќе спроведат транспарентна истрага за тоа кој стои зад убиството, додаде Кери.
Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун, го осуди убиството и побара сторителите да бидат изнесени пред лицето на правдата.
