Украина подготвува официјално барање за распоредување мировни сили во Донбас
Од кабинетот на претседателот на Украина Порошенко соопштуваат дека барањето за распоредување мировен контингент ќе биде испратено до ОН и ЕУ...

Украинскиот претседател Петро Порошенко потпиша декрет со кој се отвора патот кон формално барање за распоредување на меѓународни миротворци во источниот дел на земјата, каде веќе една година се водат борби меѓу владините сили и проруските сепаратисти.
Од кабинетот на претседателот на Украина Порошенко соопштуваат дека барањето за распоредување мировен контингент ќе биде испратено до ОН и ЕУ. Во соопштението, сепак не се наведува каков треба да биде составот и бројноста на мировниците, ниту агенда за нивно распоредување.
Русија е категорично против таквата идеја. Воените дејствија значително се намалени во изминатите неколку дена, откако почна со почитување на условите на примирјето и на договорот од Минск. Прашањето се очекува да биде денеска разгледано од Врховната рада.
