Министерството за одбрана објави конкурс за обука на пилоти
02.03.2015 14:53
Во процесот на селекција пријавените кандидати ќе поминат соодветни здравствени и физички проверки, познавање на англиски јазик и проверка на земја и во воздух...

Министерството за одбрана објави конкурс за запишување на слушатели за стручно оспособување и усовршување на родот авијација.
Во процесот на селекција пријавените кандидати ќе поминат соодветни здравствени и физички проверки, познавање на англиски јазик и проверка на земја и во воздух.
Обуката на избраните кандидати ќе трае 18 месеци и се реализира во центарот за обука на пилоти на најсовремени симулатори за хеликоптери МИ-8 и 17 и МИ-24. Пријавувањето трае до 6-ти април.
