Месец на театарот: Колку денови- толку претстави
Драмски театар по повод март – месецот на театарот највува секој ден по една претстава за која билетите ќе чинат 100 денари...

Колку денови- толку претстави ќе се одиграат на сцената на Драмскиот театар во март -месецот на театарот. За 100 денари ќе може да се погледнат претставите „Капетанот Џон Пиплфокс, „Хамлет“, „Генетика на кучињата“, „Живот во тесни чевли“. Претставата што најдолго игра во Драмскиот театар е „Последните Македонци“, „Приказната за оној славен цунами ден“, „Кога светот требаше да исчезне“ на репертоарот е утре.
„Јас го играм менаџерот којшто е таков како сите европејци, задоволчни се да бидат депресивни, да гледаат многу сурово на светот. Ние Македонците не сме такви“, вели актерот Рубенс Муратовски.
Втора година Драмскиот театар со евтони билети го слави месецот на театарот. Минатата година извонреден одзив на публиката. 6.180 гледачи погледале некоја од 23 претстави- вели директорот Роберт Велјановски. На 4-ти март Драмскиот театар слави и 50 годишен јубилеј.
„Со претставата Богомилска балада на режисерката Тодорка Кондова Зафировска е отворен овој објект на Драмскиот театар и сметав дека е вредно да се одбележи постоењето на оваа театарска зграда. Наскоро, ќе почне изградба на еден нов објект на Драмскиот театар“, вели Вељановски.
Во Драмски моментално се работат две претстави „Приказна за човекот без рака“ во режија на Синиша Ефтимов, чија премиера се подготвува за 21 април кога театарот ќе слави 69 години од постоењето, како и „Безљубни“ во режија на Златко Славенски.
Александра Перевска
