Расте бројот на заболени од грип во Куманово
По 40 лица во просек бараат помош на Инфективното оддление, каде што персоналот и капацитетот на оддлението максаимално е ставен во функција на пациентите. Од почетокот на сезоната регистрирани се над 1.500 лица...

Расте бројката на заболени од грип во Куманово. Во последната недела на инфективното оддление со симптоми на гроно и долно респиратони дишни патишта биле регистрирани 160 пациенти. Во просек 40-тина лица бараат помош во дневната болница на оддлението. Лекарите советуваат граѓаните да не се дивжат и да избегнуваат контакти со заболен, доколку пак заболат тогаш потребно е да пијат течности, да јадат полесна храна.
„Посебен пораст има во последната недела од февруари, во тој период имаме најмногу прегледани пациенти“, изјави Валентина Џартовска, началник на Инфективно оддление- Куманово.
Граѓаните се плашат од вирусот и сметаат дека при првите симтоми на настинки треба да се јавуваат кај матичните лекари.
Во Куманово од почетокот на сезоната има регистриано над 1.500 заболени од грип. Најпогодени биле хронично болните лица, повозрасните граѓани над 60 години и децата од предшколска и школска возраст.
Променливото време и температурните разлики можат да донесат нов бран на заболени од грип, велат упатените.
Габриела Димковиќ
