Случај „Пуч“: Признание за делото е крунски доказ

02.03.2015 17:28

Пресудата за „Пуч“ е несоборлив доказ во однос на преостанатите учесници во оваа афера, го коментира поранешниот државен јавен обвинител Ставре Џиков случајот што ја разбранува јавноста...

Власта не сакаше да го замолчи Заев, туку напротив, коментираат аналитичарите, го остави слободно да се претстави пред граѓаните во своето вистинско светло. Полн со деструкција и со сценарио за уривање на  државните интереси. Првата пресуда за „Пуч“ е несоборлив доказ во однос на останатите учесници во оваа афера, а ќе влијае на цела постапка, смета поранешниот јавен обвинител ставре Џиков.

„Таквата пресуда е несоборлив доказ како пресуда во однос на останатите учесници во оваа афера ПУЧ така да ќе влијае на целата постапка и на она што ќе се утврдува во обвинителската и претходната постапка. Прислушувањето не е нарачано од државата, туку тоа е од мала група па се поврзале со странци“, вели Ставре Џиков – поранешен јавен обвинител.  

Со признанието на Костовски дека  дирекно учествувал во сценариото за „Пуч“ и лично соработувал со Верушевски и агентурните мрежи,  откриени деталите за шоинажата што ја вршела групата во соработка со странските служби.

Во образложението на судската пресуда стои:

„Осудениот Звонко Костовски со умисла го злоупотребил системот на МВР и во соработка со Зоран Верушевски подолго време неовлестено Го прислушувале целиот државен врв  и јавни личности од земјава, а информациите ги предавале на странска служба“.

Зошто Заев, како еден од осомничените во „Пуч“ не беше уапсен, се прашуваат многумина? Аналитичарите сметаат дека опозицискиот лидер од никого не беше запрен да ги објави материјалите кој самиот ги нарече „бомби“ , за самиот да се демаскира, но во тоа сценарио вовлекува и други.

„Значи човекот е во страшен грч, и гледаме дека со секој негов настап, свесен за тоа што го следува  на секој начин се обидува што повеќе луѓе да вовлече во криминалот кој што го има направено. Најглад го пушти низ вода г-динот Верушевски со самата потврда за писмото дека човекот е во криминалот“, изјави аналитичарот Александар Пандов.

Чекор по чекор како што се отплеткува мрежата за „Пуч“ станува се појасно дека инволвираните работеле за лична корист, против интересите на граѓаните, додаваат правните експерти.   

„Очигледна е координацијата на делувањето меѓу редица непријателски  антимакедонски центри на  моќ, но мислам дека македонскиот народ веќе ја препозна таа игра односно сценарио кое очигледно е насочено кон највисоките национални и државни интереси... и она што значи легални демократски институции и легална начини на конкуренција и политичка борба“, објаснува аналитичарот Тони Науновски.

Дека Заев станува се попроѕирен покажуваат и реакциите на граѓаните кои самите лично од Заев го слушнаа признанието дека соработувал со странски служби.

Бројни реакции и на социјалните мрежи, во кои се осудува како што пишуваат граѓаните предавничката улога на Заев и намерата со црни сценарија да се дојде на власт. 

 

Наташа Гркова- Петрушевска