Почна пријавуањето за субвенции за приватни шуми

03.03.2015 13:22

Почна пријавувањето за субвенции за приватните шуми и нивните здруженија. Целта е зголемување на економската вредност на шумите...

Субвенциите се за инвестиции за пoголема економска вредност на шумите.

За обележување на границите на шумата субвенцијата е 20.000 денари и 10.000 за услуги за стопанисување со шумите.

За набавка на опрема можат да се добијат до 120.000 денари. Финансиската подршка се исплаќа со ко-финансирање од  50 проценти.

Еден барател може да поднесе едно барање, односно до 2 за различни мерки од програмата за рурален развој.

Методија Трајков