Лагард го поздрави предвдеменото раздолжување на Македонија
ММФ: Предвременото раздолжување ја подобрува позицијата на Македонија на меѓународниот пазар на капитал...

Ја поздравувам одлуката на ПЈР Македонија пред време да ги отплати своите преостанати обврски кон Фондот, што го одразува подобрениот пристап на земјата на меѓународните пазари на капитал. Со нетрпение очекуваме да го продолжиме блискиот и конструктивен дијалог со македонските власти. Ова денеска го соопшти извршната директорка на ММФ, Кристин Лагард, за предвременото раздолжување на Македонија со Фондот.
Република Македонија предвреме ги исплати вкупните заостанати обврски кон Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во износ од 173,3 милиони долари. Овие обврски произлегуваат од средствата повлечени во рамките на Претпазливата ликвидна линија, одобрена во јануари 2011 година.
Вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески објасни дека ова е направено за да се пресретне ризикот од понатамошен раст на доларот во однос на еврото. Така се заштедени 5 милиони евра.
Според првичниот план, последната рата требаше да се исплати во март 2016 година.
