Мерките на државата го раздвижија градежништвото и пазарот на недвижности
Градежништвото и во 2015-та ќе продолжи со позитивни стапки на раст...

Над три илјади станови со попуст се продаваат на Саемот за недвижности. На едно место градежници, банкари, компании. Поволности и со проектот „Купи куќа, купи стан“ преку кој дом обезбедија 500 семејстава.
Владата во изминатите години сесрдно го помога градежништвото и вложува преку капитални инвестиции значителни износи на средства кои помагаат да се создаде работа за домашните градежни фирми, рече вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, додавајќи дека годинава во Буџетот се предвидени за оваа намена 340 милиони евра и заедно со средствата во Претпријатието за државни патишта за инфраструктурни проекти има околу 600 милиони евра работа за домашните градежни фирми.
Градежништвото и во 2015-та ќе продолжи со позитивни стапки на раст. Мерките на државата го раздвижија пазарот на недвижнини. Се намалија цените, но и каматните стапки.
