Азербејџан ќе креира работни места по примерот на Македонија

03.03.2015 14:06

Директорката на Центарот за вработување-Скопје, Слободанка Алексовска рече дека големо признание што гостите ја избрале Република Македонија како добар пример што постојано вложува во унапредување на мерките за вработување на млади лица...

По теркот на Македонија и Азербејџан ќе креира работни места со активни мерки за вработување на младите. Во нивниот фокус- програми за самовработување. Младинските организации од оваа земја собираат искуства во Агенцијата за вработување.

Директорката на Центарот за вработување-Скопје, Слободанка Алексовска рече дека големо признание што гостите ја избрале Република Македонија како добар пример што постојано вложува во унапредување на мерките за вработување на млади лица.

Посебен акцент оваа година во новиот оперативен план се става на вработувањето на млади лица на кои им се овозможува што побрзо и полесно да дојдат до работно место и најверојатно поради тоа сме избрани како една од земјите со многу добар пример за вработување, истакна Алексовска.