Русија се простува со Борис Немцов
Комеморацијата се одржа во центарот за човекови права Сахаров. Рускиот претседател Владимир Путин кој убиството го оцени како „провокација“ не присуствуваше на погребот...

Денеска во Москва беше погребан опозицискиот лидер Борис Немцов кој беше убиен на 27-ми февруари во близина на Кремаљ. Комеморацијата се одржа во центарот за човекови права Сахаров. Рускиот претседател Владимир Путин кој убиството го оцени како „провокација“ не присуствуваше на погребот.
Забрана за влез во земјата од руските власти добија високите претставници од Полска и од Летонија кои сакаа да присуствуваат на погребна церемонија. На погребот не му беше дозволено да присуствува и на рускиот опозициски лидер, Алексеј Навални, кој е во притвор.
Главниот сведок за убиството на Немцов, украинската манекенка Ана Дурицкаја ја напушти Москва и отпатува за Киев. Таа изјави дека не го видела убиецот, туку само неговиот автомобил.
Украиснкиот претседател Петро Порошенко посмртно го одликува Борис Немцов со орден на слободата.
