Нетанјаху ќе се обрати во американскиот Конгрес, Обама нема да го прими во Белата куќа

03.03.2015 14:22

Републиканските законодавци го поканија Нетанјаху да зборува во Конгресот без да го консултираат американскиот претседател Барак Обама...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ќе има обраќање пред двата дома на американскиот Конгрес на кое ќе се осврне на можниот договор за иранската нуклеарна програма.

Во исто време, Нетанјаху оцени дека односите меѓу неговата земја и САД се посилни од кога и да е претходно.

Републиканските законодавци го поканија Нетанјаху да зборува во Конгресот без да го консултираат американскиот претседател Барак Обама.

Израелскиот премиер нема да биде примен во Белата Куќа што е прв случај во историјата на односите меѓу двете земји.