Проработи вулканот Виљарика во Чиле

03.03.2015 14:28

Вулканот се наоѓа недалеку од туристичкото одморалиште Пукон оддалечено 750 км од главниот град Сантјаго...

Рано утрината дошло до ерупција на вулканот Виљарика на југот на Чиле, пренесува Танјуг. Лава и пепел летале кон небото над вулканот, а локалното население е евакуирано.

Вулканот се наоѓа недалеку од туристичкото одморалиште Пукон оддалечено 750 км од главниот град Сантјаго. Тој е еден од најатрактивните во Јужна Америка, а последната ерупција е забележана 2000-та година, јавува Ројтерс.

По ерупцијата, превентивно се евакуирани близу 3 400 изјавил чилеанскиот министер за внатрешни работи Родриго Пеналиљо.