Во САД ограбено злато вредно 4,8 милиони долари
Луѓето од обезбедувањето што ги превезувале златото и среброто изјавиле дека застанале на оддалеченост од 80 км од главниот град...

Тројца вооружени мажи се во бегство откако украле злато во износ од 4,8 милиони долари од блиндиран камион, што го превезувал златото по автопат во источниот дел на сојузната држава Северна Каролина.
Луѓето од обезбедувањето што ги превезувале златото и среброто изјавиле дека застанале на оддалеченост од 80 км од главниот град зашто нивниот камион имал механички проблем.
Тогаш им се приближиле тројца вооружени мажи со комбе, им наредиле да легнат на земја и им ги врзале рацете на грбот.
Ги натерале да одат во блиската шума, а тие заминале со златните прачки тешки 125 кг со вредност од 4,8 милиони долари, изјавила полицијата.
