Акција „Чекан“: Уапсени двајца службеници на МВР
Екс командирот на гостиварската полиција и негов колега биле дел од групата која со месеци рекетирала граѓани во западна Македонија и им давалала пари под лихва...

Не само што не го спречиле криминалот, туку и на соработниците од подземјето им дошепнувале информации за луѓето што се жалеле од нив.
Екс командирот на гостиварската полиција и негов колега биле дел од групата која со месеци рекетирала граѓани во западна Македонија и им давалала пари под лихва.
Кога жртвите ќе пријавеле во полиција дека се тепани, тероризирани и уценувани од крими-групата, пријавите не ги процесуирале, за сметка на што добивале пари. Соработката со групата се остварувала во последните шест месеци од минатата година. Изречен им е 30 дневен притвор.
„Поранешниот командир на полициската станица во Гостивар се товари дека во најмалку четири наврати на пријавените лица во акцијата Чекан, им овозможил непречено да вршаат кривични дела кои се гонат по службена должност, и на тој начин им овозможил да се стекнат со противправна имотна корист“, изјави помошникот министер за односи со јавност во МВР, Иво Котевски.
Во акцијата Чекан инволвирани се 20-мина, меѓу кои адвокати, нотари, извршители. Истрагата е отворена за да се види дали во криминалот имале и други соработници.
Анита Димитријевска
