Градежништвото ќе расте и оваа година!

03.03.2015 15:17

Вицепремеирот Ставрески очекува градежниот бум да донесе и нови работни места. Проектот на финансии, „Купи куќа, купи стан“ го раздвижи пазарот на недвижнини, се намалија цените, но и каматните стапки...

Градежништвото и во 2015- тата ќе продолжи со позитивна стапка на раст. 600 милиони евра ќе бидат вложени за инфраструктура и за капитални проекти. Вицепремеирот Ставрески очекува градежниот бум да донесе и нови работни места. Проектот на финансии, „Купи куќа, купи стан“ го раздвижи пазарот на недвижнини, се намалија цените, но и каматните стапки.

„Успеавме да одржиме позитивни стапки на раст, минатата година 4,4% беше растот на градежната активност за првите девет месеци и беа креирани нови 4.000 работни места. Од друга страна ние како Министерство за финансии за прв пат сме и учесници на саемот преку проектот Купи куќа, купи стан“, рече вицепрмиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески.

Градежниците и банкарите со своите калкулации се поблиску до граѓаните. Условите за купување стан се олеснуваат, се нуди фиксна каматна стапка од 5,25 проценти во првите десет години.

„Кредитот ќе почне денеска да се нуди ексклузивно, тоа е станбен кредит со гарантирана фиксна каматна стапка на 10 години, од првиот ден на земање на кредитот“, изјави Глигор Бишев- банкар.

Градежниците со полни раце работа. Велат побарувачка има, становите се продаваат.

„Овие проекти се долгорочни, ќе се завршуваат во наредните 4 до 5 години, така што растот може да се зголемува процентуално“, вели Роберт Хот, претседател на Градежна комора.

„Регуларната цена е 1.000 евра за метар квадеатен, сега ги нудиме по 950 за метар квадратен, со спцецијален промотивен попуст“, изјави Зоран Азманов, сопственик на градежна компанија.

16 катница ќе никне во Скопје во втората половина од годинава, ќе биде изградена по примерот на зграда во Њујорк градена во 1902 година.

„После 120 години таа зграда ќе ја пренесеме во Скопје само што ќе биде по сеизмички стабилна, енергетски ефикасна“, соопшти Ванчо Чифлиганец, сопственик на градежна компанија.

Цените на станбениот квадрат во Скопје се движат од околу 790 до 1.150 евра. Преку проектот „Купи куќа, купи стан“ свој дом обезбедија 500 семејства.

 

Дијана Ценевска