Барселона: Со спојување на мобилните оператори до пониски цени

03.03.2015 15:37

Во Европа има 97 милиони оператори, ќе бидеме сведоци на спојување на голем дел од нив и мигрирање од еден на друг. Практиките покажуваат дека цените може да се намалат. Заклучок на експертите и високите преставници на владини институции...

Во Барселона- Светски конгрес за мобилната технологија. Во фокусот стимулирање на иновациите. Акцент на политичките и регулаторни услови. Во Европа има 97 милиони оператори, ќе бидеме сведоци на спојување на голем дел од нив и мигрирање од еден на друг. Практиките покажуваат дека цените може да се намалат. Заклучок на  експертите и високите преставници на владини институции.

„Беше дискутирано за мигрирањето на мобилните оператори во Европа. Имајќи предвид дека има 97 мобилни оператори, а 505 милиони жители се повеќе ќе гледаме спојување и мигрирање. Се разви дебата и за последиците од спојувањето дали ќе има така подобра квалитет и ценовна политика. Најдобри практики покажуваат ако има добри услови од институцијта која дозволува мигрирање, може дури и цените да се намалат“, од Барселона за Македонската телевизија изјави Иво Ивановски, министер за инфроматичко општество и администрација.

Министерот Ивановски се обрати на панел дискусијата Резултати од потрошувачката како прозивод на конкуренција во мобилниот сектор.

 

Сузана Фиданска- Стоевска