Мурињо уверува дека Тери ќе остане во Челзи
Актуелниот договор на Тери ќе истече во јуни, но менаџерот Жозе Мурињо нема да се откаже од неговите услуги. „Ви гарантирам дека Тери ќе потпише за нас“, португалскиот стратег им рече на медиумите...

Капитенот на Челзи, Џон Тери, ќе добие нов, 12-месечен договор, што значи дека ќе го носи синиот дрес и наредната сезона. Актуелниот договор на Тери ќе истече во јуни, но менаџерот Жозе Мурињо нема да се откаже од неговите услуги. „Ви гарантирам дека Тери ќе потпише за нас“, португалскиот стратег им рече на медиумите.
Пред два дена, 34-годишниот Тери беше столб во играта на Челзи и со гол му помогна на тимот да го совлада Тотенхем со 2-0 во финалето на Лига купот на Англија. Тери игра за лондонскио тим веќе две децении, а во тековната сезона 26 пати настапи во Премиерлигата.
