Хилари Клинтон го прекршила законот- користела приватен мејл за службени цели

03.03.2015 16:00

Службените лица може да користат приватни мејлови само во итни слуачи, во спротивно се прекршува федералниот закон кој бара комуникацијата на службениците задолжително да се чува во владини сервери...

Поранешниот државен секретар и можен кандидат за американски претседател на изборите во 2016-та година, Хилари Клинтон го прекршила законот користејќи приватен мејл за службена комуникација.

Хилари Клинтон немала официјален мејл адреса за периодот од 4 години додека била на функцијата.

Според аналитичарите, службените лица може да користат приватни мејлови само во итни слуачи, во спротивно се прекршува федералниот закон кој бара комуникацијата на службениците задолжително да се чува во владини сервери.