Груевски: Заев се демантира себеси
„Заев не треба да се коментира, зашто сам се демантира“, премиерот за ставовите на лидерот на СДСМ. Според Груевски, негирањето, па признавањето покажуваат дека на Заев не може да му се верува...

Како што истрагата излегува со нови докази, така лидерот на СДСМ, Заев се демаскира и се демантира, вели премиерот Никола Груевски. Самиот Заев и неговите соработници првично тврдеа дека не се познава со екс разузнавачот Верушевски. Потоа Заев се корегираше па велеше дека има само површни релации, за на крај конечно да се разоткрии и самиот да ја потврди соработката со Верушевски. Заев прво ја потрди автентичноста на писмото што му го пишувал на Верушевски во кое порачува дека пријателите однадвор се нестрпливи да почне враќањето на демократијата во Македонија.
„Излезе едно писмо за кое се молчеше, за подоцна самиот Заев да ја потврди веродостојноста на тоа писмо дека тој му го напишал писмото на овој со кој нели не се познаваа предходно, па излегоа шифрираните пораки за вчера и нив ги потврди дека се точни“, изјави премиерот Никола Груевски.
Во почетокот на февруари јавноста го виде писмото кое Заев му го испратил на Верушевски, напишано на 20 јануари годинава, 9 дена пред изјавата на партискиот портпарол Петре Шилегов дека Заев не се познава со екс разузнавачот. Писмото јасно кажува дека Заев и Верушевски имале многу блиски контакти па дури и договарале работа како што стои во него, „со пријателите од надвор“. Неколку дена подоцна Заев конечно го демантираше Шилегов. Во меѓувреме истрагата утврди нови докази за сомнителите релации на Заев и Верушевски. Шифрираните пораки кои синот на Верушевски и ги праќал на својата мајка открија дека Заев му купил комјпјутер на младиот Верушевски а требало да купи и нов автомобил. Заев вчера на „Телма“ ја потврди автентичноста и на шифрираните пораки.
„Секако, се што можам и имам капацитет лично, со свои пари, со поддршка од некој да го направам,би го направил за секој човек кој така храбро и одважно ќе покаже колку си ја сака државата“, рече Заев.
Поради сево ова ја покажува превртливоста на лидерот на СДСМ, вели премиерот Груевски и додава дека на таков човек не може да му се верува.
„Според ова, јасно е дека г-нот Заев во неколку наврати не ја кажуваше вистината, сега ја кажа таа вистина и кога човек така настапува еднаш кажува вака, другпат поинаку на таков човек не може да му се верува“, нагласува премиерот Груевски.
Еден од ивнолвираните во случајот „Пуч“ доби правослина пресуда откако самиот го призна делото. Дека прислушувал по налог на Верушевски и затоа добивал парични награди.
Милчо Велески
