Дали Грција ќе успее да ги спроведе реформите?
Дали Грција ќе успее во напорите за 4 месеци да одговори на најбитните реформи во државата, за што и доби европска помош, и колку во сето тоа ќе наиде на разбирање од релевантните европски финасиски институции, но и од некои земји- членки на еврозоната што ја набљудуваат финасиската разврска за грчкиот долг се прашања на кои за сега нема одговор. Времето за Грција тече, а Германија го следи секој потег на грчката влада...

Грчкиот министер за финасии Јанис Варуфакис сепак е уверен дека неговата земја нема да ја напушти еврозоната, бидејќи тоа ќе биде и најлоша варијанта и дека Атина ќе најде сили да го врати заемот од 1,5 милијарди евра на ММФ, договор којшто истекува во март.
„Убедени сме во тоа и ќе имаме задоволителна ликвидност до крајот на четиримесечјето“, вели грчкиот министер за финансиии, Јанис Варуфакис.
На некој начин и Берлин е уверен во тоа дека на грците ќе им биде потребно уште малку време да ги спорведат реформите.
„Кога политичарите ќе дојдат на власт се соочуваат со реалноста. Затоа е потребно време да се спроведат мерките, пред сè да се воведе ефикасен даночен систем, но и да се исполни она што веќе е потпишано“, вели германскиот министер за финансии, Волфганг Шојбле.
Во напнатоста мегу Атина и Брисел околу моделите за решавање на грчкиот долг се приклучија и Португалија и Шпанија, откако грчкиот премиер ги обвини дека за проблемите во неговата земја се одговорни конзервативните влади коишто подготвуваат заговор со цел да ја урнат неговата левичарска влада.
„Не сме одговорни за грчките фрустрации што ги предизвика владата со ветувања што не може да ги исполни“, изјави премиерот на Шпанија, Маријано Рахој.
Поради овој вербален инцидент владите на Рахој и на Коелјо побараа од европските институции да се осудат несоодветните изјави на Ципрас.
За експеретите, пак, одговорноста не треба да се бара кај финасиките инстутуции. Ако за ирската криза беше речено дека за поделба на кредитите беа најодговорни банките, за Грците проблемот не се само долговите, туку економијата што сè уште не функционира, а излезот се гледа во реформите на целото стопанство.
Мирјана Василева
