Си заминува ли Пандев од Галатасарај?!
Дека во тимот многу работи не функционираат покажа уште есенскиот дел, па многу е извесно дека во летниот прeоден рок Пандев ќе ја менува средината...

Македонскиот фудбалски интернационалец не е задоволен од статусот во еден од најтрофејните клубови во Турција, кој сезонава влезе со големи амбиции. Дека во тимот многу работи не функционираат покажа уште есенскиот дел, па многу е извесно дека во летниот прeоден рок Пандев ќе ја менува средината. За него засега има интерес од клубови од Премиер лигата и од Италија, но и покрај искажаниот интерес од Евертон, засега тој е на чекор до враќање во Серие А и тоа во екипата на Џенова со која наводно потпишал преддоговор за следните две години.
Доколку тоа се оствари, тоа ќе значи крај на соработката со турскиот гигант кој имаше големи очекувања откако во составот изминатите сезони собра неколкумина проверени играчи од италијанскиот фудбал, пред се холанѓанецот Снајдер, уругваецот Муслера, бразилецот Фелипе Мело, швајцарецот Џемаили и уште неколкумина од други земји, но не успеа да ги исполни плановите. По очајните резултати во Лигата на шампионите најпрвин беше разрешен тренерот Чезаре Прандели, а и за македонскиот интернационалец популарниот Галата не се покажа како идеална дестинација, каде што најмногу играше во турскиот куп и во 7 натпревари постигна 5 гола.
