“Кралот на кошарката“ се забавува, троши... и стана милијардер

03.03.2015 20:03

Шесткратниот НБА шампион со Чикаго Булс кој има исто толку МВП наслови во финалните мечеви се повлече од активно играње во 2003 година, кога последните две сезони од кариерата настапуваше во тимот на Вашингтон...

На најновата листа на милијардери на списанието “ФОРБС“ за првпат се појави името на Мајкл Џордан. Иако се повлече пред повеќе од цела деценија, тој сеуште заработува троцифрен број милиони американски долари годишно. “Летечкиот Мајкл“ е најзвучното име на листата од новопечени 290 милијардери, најмногу поради заработката од 90 милиони годишно од Најк. Шесткратниот НБА шампион со Чикаго Булс кој има исто толку МВП наслови во финалните мечеви се повлече од активно играње во 2003 година, кога последните две сезони од кариерата настапуваше во тимот на Вашингтон. Откако не успеа во голф кариерата, последниве пет години е претседател на Шарлот Хорнетс, но и покрај тоа што постојано троши средства на пребогатите имоти, на приватните јахти и авиони но сепак заработувачката му е очигледно поголема од потрошувачката. Сепак, милијардата на “Ер Мајкл“ делува минорно во споредба со заработувачката на најбогатите на светот.  

Во Топ 3 на листата се и натаму Бил Гејтс со 77.9 милијарди долари, пред Карлос Слим со 77.1 и Ворен Бафет со 72.7 милијарди. На новиот ранкинг има вкупно 1826 милијардери кои заеднички имаат фантастични 7.03 трилиони долари, за разлика од минатата година кога нивниот заедничка вредност изнесуваше 6.4 трилиони долари. Најмлад на елитната листа е 24 - годишниот Иван Шпигел, а најмлада од вкупно 197 жени на листата е 31 - годишната Елизабет Холмс.