Кожув поразен но сигурен учесник на “Фајнал фор“ а Куманово во исчекување
Во натпреварот кој ништо не решаваше, Албијаниќ беше најефикасен со 13 поени, а по 10 уфрлија Шепа и Пековиќ...

Кошаркарите на Кожув загубија на гостувањето во Никшиќ, во рамките на последното 6 коло во“Д“ групата од БИБЛ лигата. Поразот од Сутјеска со 74 : 66 не значи ништо во конечниот пласман, затоа што Гевгеличани уште во минатото коло со гостинската победа над Рилски спортист се промивираа во први 1 /2финалисти во регионалната конкуренција. Во натпреварот кој ништо не решаваше, Албијаниќ беше најефикасен со 13 поени, а по 10 уфрлија Шепа и Пековиќ. Кожув ги заврши настапите во групата со 4 победи во 6 натпревари на 1 место и со 10 бода колку што има и Сигал, но доби двата меѓусебчи натпревара сезонава. Вечерва Сигал го совлада Рилски со 94 : 71, но и двата тима ќе играат 1 /4 финале за место меѓу четирите најдобри.
Нивните противници ќе бидат познати утре кога ќе биде расплетот во “Ц“ групата. Таму води тимот на Куманово со 4 победи и 2 пораза и утревечер ќе биде познато дали одат иректно на Фајнал фор или ќе мора да играат 1 /4 финале. Ако екипата на Морнар го совлада тимот на Печ, тогаш Куманово е првополасиран во групата, а ако гостите победат тогаш тие ќе бидат директни учесници во завршницата.
