Завршен петтиот циклус Домашна визита – посетени над 19.000 лица
Со овој проект се овозможуваат превентивни прегледи за лица на кои посетата на најблиските амбуланти им е отежната поради природата на болеста, така што патронажните тимови од здравствените домови низ државата, ги посетуваат овие лица во нивните домови, по претходна телефонска најава...

Во рамки на петтиот циклус од проектот Домашна визита, што Министерството за здравство го спроведуваше во изминатите речиси четири месеци, посетени се вкупно 19.555 лица низ целата држава.
Само тимовите од патронажната служба во рамки на Здравствен дом Скопје, во текот на петтиот циклус Домашна визита посетиле вкупно 5.119 лица. Овој циклус на проектот опфати категорија на повозрасни лица, и тоа мажи над 75 години и жени над 80-годишна возраст.
Со овој проект се овозможуваат превентивни прегледи за лица на кои посетата на најблиските амбуланти им е отежната поради природата на болеста, така што патронажните тимови од здравствените домови низ државата, ги посетуваат овие лица во нивните домови, по претходна телефонска најава.
Во текот на посетата, медицинските тимови вршат мерење на нивото на крвен притисок, нивото на гликемија, холестерол, а воедно споделуваат совети за здрава исхрана и здрави стилови на живот, практикување физичка активност, како и редовни здравствени контроли.
