Твининг проект за институционално зајакнување за членство во ЕУ

04.03.2015 09:11

Твининг партнери на македонскиот Секретаријат за европски прашања се Германија, Полска и Хрватска...

Понатамошно зајакнување на организациските и институционалните капацитети за процесот на европската интеграција е насловен новиот твининг проект финансиран од Европската унија, што ќе почне да се спроведува од денеска во Македонија.

Твининг партнери на македонскиот Секретаријат за европски прашања се Германија, Полска и Хрватска.

На промоцијата на проектот е најавено обраќање на  вицепремиерот за европски прашања и Национален ИПА координатор, Фатмир Бесими, амбасадорот на Делегацијата на ЕУ во Скопје Аиво Орав, проект-лидерот од Сојузното Министерство за економски прашања и енергија на Германија, Волф-Дитер Плесинг и амбасадорите на државите партнери во проектот.